ВМРО-ДПМНЕ: Од помош до самопомош – Патролни социјални служби
Ќе формираме патролни тимови на социјални служби заради обезбедување на побрз и полесен пристап на ранливите групи на пазарот на труд за нивна целосна интеграција, преку подигнување на нивната самодоверба и решителност за целосно нивно социјално вклучување во општествено-економските текови и учество на пазарот на труд. [Рок: 2012]
Образложение:
Овој проект е започнат на почетокот на 2012 година во 3 пилот општини, Ѓорче Петров, Гази Баба и Центар. По првичните добри резултати, овој проект е проширен во уште 5 општини, и тоа Битола, Штип, Куманово, Велес и Шуто Оризари. Патролните тимови обезбедуваат идентификација на појавите кои што го попречуваат развојот на поединците, групите и самата заедница и за секој детектиран случај во кој одредено лице се наоѓа во социјален ризик, тимовите водат индивидуална социјална карта во која се внесуваат податоци за самото лице, проблемот кој е воочен и начинот на кој ќе му се помогне на лицето. [Ажурирано на: 21.12.2012]
Линкови:
- Плус Инфо (07.07.2012): Патролната социјална служба ќе се зголеми. [Пристапено на: 21.12.2012]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар