ВМРО-ДПМНЕ: Окрупнување на земјоделското земјиште
Ќе го окрупнуваме земјоделското земјиште со размена на приватни парцели и други проверени постапки од политиките на ЕУ. До крајот на 2011 ќе донесеме национална стратегија за окрупнување на земјоделското земјиште која ќе содржи и акциски план со мерки за нејзино спроведување. Со имплементација на конкретните активности кои ќе опфаќаат техничка и финансиска поддршка од државата за постапките на размена, како и кампања за промоција на процесот ќе започнеме веќе од 2012 година. [Рок: декември 2011 – 2014]
Образложение:
Иако рокот за изработка на национална стратегија за окрупнување на земјоделското земјиште беше 2011 година, сепак се доцни со изготвувањето на оваа стратегија. Според информациите од 1 март 2012 година, изработката на националната стратегија за окрупнување на земјоделското земјиште е во завршна фаза. Дополнително, има најави дека наскоро ќе се отпочне и со кампања за промоција на самиот процес. [Ажурирано на: 15.05.2012]
Во 2012 година беше донесена Националната стратегија за консолидација на земјоделското земјиште за периодот 2012-2020. Според оваа програма, буџетот за консолидација за 2013 година изнесува помеѓу 100.000 до 200.000 евра, а средствата се проектирани во Програмата за рурален развој. [Ажурирано на: 23.06.2013]
Линкови:
- Лимбо – веб портал (01.03.2012): Стратегијата за окрупнување на земјоделското земјиште во завршна фаза. [Пристапено на: 15.05.2012]
- Вечер (22.04.2013): Државна интервенција за окрупнување на земјиштето. [Пристапено на: 23.06.2013]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар