ВМРО-ДПМНЕ: Онлајн барање за паричен надоместок
Модернизација на Агенцијата за вработување преку надградување на веб-сервисите за поголема достапност на сите граѓани. За имплементација на услугите на АВРМ преку Интернет како што се: поднесување на барање за паричен надоместок и пополнување на апликација за учество на активна мерка. Имплементацијата на апликацијата за поднесување барање за паричен надоместок е до 1 октомври 2011. За 2011 се предвидени 220 илјади денари од вкупно 520 илјади денари. [рок: 1 октомври, 2011 година]
Образложение:
Според упатствата за добивање на паричен надоместок објавени на веб-локацијата на Агенцијата за вработување на РМ, потребно е да поднесе барање во Центарот за вработување во местото на живеење на невработеното лице. Можноста за онлајн аплицирање не е наведена, што доведува до заклучок дека оваа апликација се уште не е создадена. Дополнителното истражување покажа дека ваква апликација не постои, со што ова ветување се оценува како неисполнето.
Линкови:
- Агенција за вработување на РМ. Право на паричен надоместок. [Пристапено на: 12.03.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар