ВМРО-ДПМНЕ: ООН и УНЕСКО

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со концептот на активен мултилатерализам во надворешната политика. По успешното претседавање со 62. Генерално собрание на Обединетите нации, Република Македонија ќе продолжи со своето активно учество во сите форуми на ОН. Ќе продолжи да учествува во дебатата за потребната реформа на Советот за безбедност на ОН, согласно со досегашните позиции. Владата ќе се заложи за успешен исход на кандидатурите на Република Македонија за членство во Извршниот одбор на УНЕСКО (2011-2015) и во Советот за човекови права на ОН (2013-2016).

Образложение:

Република Македонија стана членка на Извршниот одбор на УНЕСКО во ноември 2011 година, а членка на Советот за човекови права на ОН во ноември 2013 година. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 03.04.2014]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција