ВМРО-ДПМНЕ: Откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук

Во соработка со единиците на локалната самоуправа ќе понудиме најмалку 5 атрактивни локации за изградба на откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук. Дополнително ќе се обезбедат мерки на поддршка на инвестициите за инфраструктурно уредување на парцелите, како и кофинансирање на инвестициитево опрема и машини. Почетната цена за градежните парцели ќе биде само 1 евро/м2 или цена од 0,1 евро/м2 за закуп на 99 години. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Во октомври 2011 година, во Струмица беше отворен откупно – дистрибутивен центар за земјоделски производи „Агрофруктус“, кој е инвестиција на хрватската компанија „Агрокор“. Во февруари 2012 година, во Богданци стартуваше изградбата на нов откупно – дистрибутивен центар за овошје и зеленчук. Според информациите од декември 2011 година, досега се продадени четири парцели за изградба на откупно – дистрибутивни центри за земјоделски производи во Врапчиште, Чешиново – Облешево, Кочани и во Штип. [Ажурирано на: 16.04.2012]

Даден е оглас за продажба на државно земјиште со намена за изградба на откупно – дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук во Ресен и во Валандово. [Ажурирано на: 16.04.2012]

Даден е оглас за продажба на парцела од економската зона „Илинден“ со намена за изградба на откупно – дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук. [Ажурирано на: 24.04.2013]

Во август 2013 година беше соопштено дека во третата индустриската зона Василево ќе бидат изградени откупно-дистрибутивен центар за зеленчук и овошје и неколку други  објекти за откуп и преработка на земјоделски производи. [Ажурирано на: 06.04.2014]

На крајот на февруари во индустриската зона „Макази“ кај Ресен беше ставен камен темелник за изградба на современ откупно- дистрибутивен центар за складирање и преработка на јаболка. Инвестицијата е на компанијата „Аппле ланд“, чии основачи се бизнисмени од Дубаи. Инвеститорите планираат објектот да го изградат до крајот на август годинава со цел да ја пресретнат идната сезона на берба на јаболката. [Ажурирано на: 06.04.2014]

Со оглед на тоа може да се каже дека ветувањето „Откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук“, е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција