ВМРО-ДПМНЕ: Отстранување на административниот товар

Ресорното министерство кое предлага одлука (закон, уредба итн.) до Владата детално ќе известува за административниот товар при што ќе се отстрани секое непотребно оптоварување. Ќе им се овозможи на граѓаните директно да се вклучат во постапката при носењето на законите. Со секоја предлог-измена на регулативата, јасно ќе се идентификува влијанието во општеството од донесувањето на таа регулатива, како и фискалните импликации. Се воведува високо ниво на учество на граѓаните во носењето на законите, при што тие директно ќе имаат можност да предлагаат забелешки при донесување на легислативата во Република Македонија. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 100.000 евра. [Рок: континуирано]

Образложение:

Воведена е задолжителна примена на Проценка на влијание на регулативата. Процесот на донесување закони е зајакнат и во делот на консултации со засегнатите страни, а за таа цел е воспоставен веб порталот ЕНЕР – Единствен Национален Електронски Регистар на прописи (http://ener.gov.mk/). Единствениот електронски регистар на прописи претставува електронски систем кој покрај постојните прописи ги содржи и предлог законите на министерствата во фаза на подготовка. ЕНЕР е функционална алатка и овозможува сите заинтересирани страни електронски да достават коментари и предлози директно до надлежните институции. Целта на постоењето на ваквиот регистар, е да овозможи, граѓаните, бизнис заедницата и сите останати заинтересирани страни да се запознаат со измените и дополнувањата на Предлог – законите уште во фаза на нивна подготовка (нацрт- верзија), по што со регистрирање на регистарот, се овозможува достапност на Предлог – законите за јавноста. [Ажурирано на: 10.11.2011]

Линкови:


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција