ВМРО-ДПМНЕ: Центар за возрасни болни од цистична фиброза

Во Македонија нема услови за третман на возрасни лица со цистична фиброза и истите сè уште се третираат во Центарот за цистична фиброза што е во рамките на Клиниката за детски болести и е наменет за дечиња со оваа болест. Со оваа иницијатива ќе направиме чекор напред кон имплементација на европските стандарди за третман на болните со ЦФ. Со тоа ќе се постигне згрижување на возрасните пациенти заболени со ЦФ, соодветен третман и место во општеството. Носител: Министерство за здравство. [Рок: јуни 2012 година]

Образложение:

По спроведеното истражување, како и деталното прегледување на отчетот даден од страна на Владата на РМ, не се најдени податоци за ова ветување. Затоа се оценува како неисполнето.

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција