ВМРО-ДПМНЕ: Отворање на нови факултети
Ќе го доближиме високото образование до сите граѓани преку отворање на нови факултети во рамките на постојните државни универзитети во повеќе градови и тоа: Штип, Пробиштип, Гевгелија, Виница, Велес, Кичево, Радовиш, Скопје, Тетово, како и дисперзирани факултети во Кавадарци, Струга и други . На тој начин ќе овозможиме намалување на трошоците за студирање и зголемување на степенот на достапност на високото образование .Планираме воведување на дисперзирани студии на земјоделскиот факултет во Ресен и на Економскиот факултет во Струга во рамки на битолскиот универзитет.
Образложение:
Дисперзирани студии кои се предвидени во програмата се отворени во сите наведени градови со исклучок на факултет во Гевгелија.
Линкови:
- Министерство за образование и наука. (28.09.2011). Отворени нови дисперзирани студии на Штипскиот универзитет во Кавадарци. [Пристапено на 31.05.2011.]
- Сител. (28.11.2010). Дисперзирани студии на Тетовскиот универзитет во Скопје. [Пристапено на 31.05.2011.]
- Општина Велес. (2009). Нови дисперзирани студии во Велес. [Пристапено на 31.05.2011.]
- Пребарување на Факултети.Мк.
http://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=412:—-&catid=17
http://fakulteti.mk/vou/Drzavni/Unite/pmft/dsikic.aspx
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар