ВМРО-ДПМНЕ: Отворени податоци (OpenData)

Идејата на проектот за отворени податоци (OpenData) е објавување на јавните податоци и информации во необработен, компјутерски искористлив формат. Иновацијата и современоста кои овој систем ги воведува, ќе ѝ овозможат на Македонија да биде лидер во регионот во однос на транспарентноста и директната соработка со јавноста. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 50.000 евра. [Рок: март 2014]

Образложение:

Министерството за информатичко општество и администрација го претстави новиот веб-сајт Open Data, на кој што можат да се најдат отворени податоци од јавен карактер. Веб-сајтот, кој што е се уште во фаза на изработка, може да се најде на интернет адресата: http://opendata.mioa.gov.mk/index.php/mk/home . [Ажурирано на: 29.11.2012]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „ Реформа на администрацијата “, за проектот „Отворени податоци“, е наведено:

Владата  се приклучи кон светската иницијатива за „Отворено владино партнерство“ и на 01.06.2012 година го усвои Акцискиот план со што стана полноправна членка. Порталот opendata.gov.mk е функционален и вклучува отворени податоци од над 20 институции, кои можат да се користат слободно од страна на секоја заинтересирана страна, како и по можност развивање на електронски/мобилни услуги врз база на тие податоци. Во тек е имплементација на надградба на порталот за отворени податоци. [Ажурирано на: 11.04.2014]

Може да се каже дека ова  изборно ветување е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција