ВМРО-ДПМНЕ: Пат до манастирот Трескавец
Со изградбата на овој потег во должина од околу 7,5 км и ширина на коловоз од 6 метри ќе се обезбеди непречен пристап кон црковно-туристичкиот локалитет Трескавец од градот Прилеп преку Варош и Горно Село. Вредност на проектот се проценува на 3 милиони евра, а средствата се планира да бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија. [Рок: 2013 година]
Образложение:
На 28 август 2012 година, започна изградбата на патот до манастирот Трескавец во Прилеп.
На 28 август 2013 година, беше пуштен во употреба патот до манастирот Трескавец. Патот е во должина од 7,5 км и се очекува да биде од голем придонес за развојот на туризмот во овој регион.
* Ова ветување е слично со: Пристап до манастирите Зрзе и Трескавец
Линкови:
- Сител (27.08.2012): Ќе се гради пат до манастирот Трескавец [Пристапено на: 17.09.2012]
- Канал 77 (29.08.2012): Поставен камен темелникот за изградба на патот до манастирот Трескавец [Пристапено на: 17.09.2012]
- Тиме.мк (28.08.2013): Пуштен патот до манастирот Трескавец [Пристапено на : 29.08.2013]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар