ВМРО-ДПМНЕ: Патент.мк

Иновациите се главниот двигател за поттикнување на конкурентноста во стопанството и негов развој. На иновациите како составен дел на научно-истражувачките активности ќе им биде посветено уште поголемо внимание. Стимулирањето на заштитата и регистрацијата на патентите и дополнителната поширока и посеопфатна промоција на иновациите, особено на оние што се резултат на соработката на истражувачите и стопанството ќе се реализира преку отпочнување на нов проект ПАТЕНТ.МК. Со проектот ќе се обезбеди координирање на стопанството и истражувачите и стимулација на иновативната работа. На порталот ќе бидат поместени содржини и алатки кои ќе обезбедуваат основање на иновативна база како и јавни дискусии и прибирање на предлози. [Рок: 2012 година]

Образложение:

Во август 2012 година, на јавноста и беше преставен  проектот Патент.мк, кој според Министрите за образование и наука и Економија, Панче Кралев и Валон Сарачини, треба да обезбеди стимулирање на заштитата и регистрацијата на патентите, како и поголема промоција на иновациите, особено на оние кои се резултат на соработка меѓу истражувачите и стопанството.

Патент.мк претставува систем за евиденција на иновативните достигнувања на истражувачите.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција