ВМРО-ДПМНЕ: Пазарни страндарди за класификација на квалитетот на производите

Ќе се обезбеди финансиска поддршка за воведување на пазарни страндарди за класификација на квалитетот на производите согласно со новите правилници, како и мерки за воведување на повисоки пазарни стандарди барани од странските трговци (ГЛОБАЛГАП и др). Мерките на поддршка ќе бидат вклучени во годишните програми за финансиска поддршка со кофинансирање на трошоците и повисоки субвенци за 20% за воведување на стандардите. [Рок: февруари 2012 – 2015]

Образложение:

Во делот од ова ветување што се однесува на воведување на повисоки пазарни стандарди при класификација на квалитетот на производите, во изминатиот период се воведе систем на бандероли кај семенскиот материјал, се забрани препакување на истиот  и се забрани пласман на препаратите што се наоѓаат на црвената и на жолтата листа во Европската унија.

Што се однесува на делот од ветувањето посветен на мерките за  поддршка и  кофинансирање на трошоците и повисоки субвенции за 20% за воведување на стандардите, се уште нема информации за реализација на истите.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција