ВМРО-ДПМНЕ: Печатење на публикации за културно и природно наследство

Печатење на публикации за културното и природно наследство наменети за туристичка промоција на РепубликаМакедонија. Носител: Управа за заштита на културното наследство. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Реализацијата на овој проект стартуваше во 2009 година. Целта на истиот е 150 публикации од 4 области археолошко културно наследство, сакрално културно наследство, ризниците во црквите и манастирите во Македонија и природно наследство, да бидат преведени на 15 јазици, и да бидат достапни за културна и туристичка промоција на земјата. Меѓутоа досега, овој проект не е завршен, ниту пак се достапни информации во која фаза е остварувањето на истиот. Од Отчетот на Владата за сработеното 2011-2012 година, како и од Отчетот за сработеното во периодот 2011-2014 напишани се исти објаснувања за тоа во која фаза се наоѓа проектот. Според овие два Отчети “ Во завршна фаза е изработката на текстовите на публикациите кои ќе го презентираат богатото културно наследство…“

Крајниот рок на овој проект е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 Април 2014 година.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција