ВМРО-ДПМНЕ: ПЕТ-Центар во Македонија

Фото: zdravstvo.gov.mk

ПЕТ-центарот е предвиден како современ здравствен објект, во кој ќе биде вградена најсовремена опрема за радиофармација, радиопротекција и дијагностика. Локацијата на овој објект е во кругот на Градската општа болница „8 Септември“, Скопје. Позитронската eмисиона томографија (ПЕТ) спаѓа во рангот на најсовремена ефикасна дијагностика, како ва- жен предуслов за успешна и пократкотрајна терапија на малигните заболувања, а истовремено и како ефикасно следење на посттерапевтските третмани и навремено дијагностицирање на евентуалните рецидиви при малиг- ните заболувања. За таа цел, годинава ќе организираме обука на кадарот кој ќе работи во овој центар. Обуката ќе се спроведува во медицински центри низ Европа, каде веќе постои примена на позитронска емисиона томографија, со цел до крајот на 2014 година да се обезбеди комплетен кадар од фармацевти, хемичари, дијагностичари, комплетен медицински и инженерски кадар едуциран да работи во ПЕТ-центарот. Воведувањето на овој метод во Република Македонија значи создавање услови за поголема ефикасност на дијагностичките процедури, со што ќе се подобри квалитетот на медицинската грижа за пациентите, кои повеќе нема да мора да патуваат во странство за овој тип на дијагностика. Истовремено, тоа претставува можност наша- та држава да стане и важен дијагностички ПЕТ-центар во регионот. Носител: Министерство за здравство.  Буџет: 381.140.000 денари. [Рок: Започната изградбата на објектот во ноември 2013-завршување на изградбата во февруари 2015 (пуштање во употреба во август 2015)]

 

Образложение:

На 21.06.2014 година, беше  објавено  дека премиерот Никола Груевски и министерот за здравство, Никола Тодоров го посетиле градилиштето на Центарот за позитронска емисиона томографија – ПЕТ Центар. Притоа, премиерот истакнал дека изградбата на објектот добро напредува и дека истиот ќе биде завршен навреме во планираниот рок кон средината на февруари идната година. 

Се работи за прилично специфична градба затоа што во овој центар ќе има дијагностицирање со користење нуклеарен материјал, така што градбата е под целосно водство во смисла на совети, но и надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија“, рече Груевски. [Пристапено на 14.01.2016 ]

На 05.12.2015  премиерот Никола Груевски најави дека ПЕТ-Центарот ќе биде пуштен во употреба до крајот на годината, односно до Нова година.

ПЕТ-центарот е многу значаен за рано дијагностицирање на малигни заболувања и не е значен само за Македонија, туку има и регионално значење бидејќи такви ПЕТ-центри нема во секоја држава. Во него инвестиравме околу 16 милиони евра. Тој е во самиот финиш и во текот на овој месец ќе биде официјално завршен и пуштен во употреба. Ќе следува неколкумесечен тест-период, околу пет до шест месеци грејс-период согласно меѓународните процедури за ваков вид установи, изјави  Груевски. [Пристапено на 14.01.2016 ]

На 06.12.2015 година имаше информација  дека „ПЕТ-Центарот за откривање рак доцни 10 месеци“.

Рокот за изградба на ПЕТ центарот или центар за позитроно емисиона томографија, е пробиен за 10 месеци, иако тој требаше да биде завршен на почетокот на годината. Изградбата на ПЕТ центарот, кој се гради веднаш до градската општа болница “8-ми Септември”, почна во октомври 2013 година, кога Министерството за здравство го потпиша договорот со изведувачот австриската компанија “Страбаг АГ”. Тогаш министерот за здравство Никола Тодоров рече дека рокот за изградба на ПЕТ центарот, согласно потпишаниот договор, е 16 месеци, кои поминаа во февруари годинава. [Пристапено на 14.01.2016 ]

Во изјава за овој медиум, од Министерството за здравство посочиле дека предвидениот рок за изградба на ПЕТ центарот е пролонгиран поради неговата технолошка специфичност, односно поради софистицираната опрема која треба да се усогласи, како и поради дополнителни работи кои било неопходно да се направат за да може да се стави во функција опремата за производство на радиоизотопите.

Потребата за изведба на некои дополнителни работи и усогласувања со другите фази се одрази на мало задоцнување во изведбата. Градежните работи се во завршна фаза, и во следните 20 дена се очекува да се изврши технички прием на објектот. Потоа следи фаза на инсталација на опрема во објектот, почнување со пробно производство и валидација на производствениот процес на радиофармацевтици, инсталација на ПЕТ-ЦТ камерата и нејзина валидација, велат од Министерството за здравство. [Пристапено на 14.01.2016 ]

Досега (14.01.2016) не е објавена информација дека ПЕТ-Центарот е готов. Така што, може да се каже дека ова ветување  е делумно исполнето.

Линкови:

Оценето од: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција