ВМРО-ДПМНЕ: Плаќање по извршена здравствена услуга

Воведување систем на плаќање по извршена здравствена услуга, а не ценовник за медицински материјали и плати за здравствени работници како што е до сега.
Системот на ДРг првенствено ќе се користи за мерење на ефикасноста и обемот на работа на здравствените организации, како основно мерило и орудие за утврдување на годишните буџети, односно коректив во утврдувањето и отстапувањето од истите.
До крајот на 2008 година, финансирањето на сите општи болници ќе се спроведува преку точно утврдени критериуми за видот и обемот на здравствени услуги кои ги обезбедуваат здравствените установи .
На тој начин ќе  се овозможи праведна редистрибуција на финансирањето во зависност од обемот и од квалитетот на работата на сите болници .
Наједноставен начин за имплементирање на ДРг е изработка на софтвер, кој ќе ги групира дијагнозите. Софтверот ги сортира дијагнозите во сродна група ДРг или болнички случај (притоа имајќи ги на ум полот, возраста, состојбата на пациентот, видот на интервенцијата, но и резултатот од истата, како и неговата следна дестинација т.е. упат). Рок на почеток на комплетна примена на методологијата ДРг во македонското здравство е 1 јули 2008, а со одредени дополнителни активности од 1 јануари 2009.

Образложение:

Ова ветување е остварено, но со задоцнување. Комплетната примена и практичната имплементација наместо на 1 јули 2008 година, започнува на 1 јануари 2009 година.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција