ВМРО-ДПМНЕ: Плаќање на лекарите во болниците по учинок

Од почетокот на оваа година, започнавме со спроведување на проектот Плаќање по учинок во три институции: Клиника за кардиологија, Клиника за максилофацијална хирургија и Градска болница Скопје. Со овој проект, дел од платата на лекарите секој месец ќе се прилагодува согласно со учинокот во нивната работа. Лекарите кои добро и совесно си ја извршуваат својата работа, ќе добијат повисока плата од оние што не ги исполнуваат задоволително работните задачи. [Рок: декември 2011 година]

Образложение:

Заклучно со дадениот рок, нема информации дека ова ветување е исполнето. [Ажурирано на 23.03.2012]

Од 1 јули 2012 година започна спроведувањето на проектот „Плаќање на лекарите по учинок“, но со задоцнување од шест месеци. Според Минстерот Тодоров, оние кои ќе се истакнат, не само што ќе бидат наградени , туку ќе добијат и двојно повисока плата. Доколку не работат доволно, лекарите не само што ќе бидат казнети со намалување на платата, туку според министерот Тодоров нема да можат да работат и дополнителна дејност во попладневните часови.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција