ВМРО-ДПМНЕ: Побрзо минување на царина

Царинската управа ќе спроведе истражување со кое ќе се измери времето што на превозниците им е потребно за поминување на граничните премини и ефикасноста на работењето на царинските тимови. Ќе се идентификуваат најдобрите тимови, додека за останатите ќе се обезбеди дополнителна обука. Врз основа на анализите, на квартално ниво ќе се врши избор на најдобар граничен царински терминал, каде во најкраток временски период се извршуваат царинските постапки за увоз и извоз. Ова рангирање ќе помогне да се идентификуваат терминалите каде царинските постапки траат најдолго и ќе се преземат соодветни мерки за нивно забрзување и за подобрување на протокот на стоки и патници. Рок: септември 2008 година.

Образложение:

Првиот ваков избор на најдобар тим е направен во кварталот јуни-септември 2008 година, а критериумите се поставени истата година, додека во Гласилото на Царинската управа се објавуваат имињата на победниците.

Линкови

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција