ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка на екоиновации

Ќе обезбедиме средства во соработка со меѓународните институции за поддршка на проектите на претпријатијата за производство на екопроизводи и употреба на нови технологии со високи стандарди за зачувување на животната средина. Секоја година ќе организираме екофорум, каде заинтересираните претпријатија ќе имаат можност да презентираат „зелени бизнис-проекти“, при што за реализација на најуспешните проекти ќе се обезбедат грантови во износ од 10.000 евра, како и поволни кредити во износ до 50.000 евра со ниска каматна стапка под 4% на годишно ниво. Овој проект ќе биде реализиран во соработка со меѓународните финансиски институции. [Рок: март 2013]

Образложение:

Европската комисија во текот на 2012 година нудеше 34,5 милиони евра за еко-иновации преку ЦИП програмата, со кои компаниите во Македонија треба да ја подобрат конкурентноста и иновативноста и да ги решат еколошките проблеми во работењето. Програмата поддржува иновации, екоиновации, услуги за поддршка на бизниси во регионот, пристап до финансии, подобро прифаќање и користење на информатичко-комуникациски технологии, развој на информатичко општество, зголемена употреба на обновливи енергии и енергетска ефикасност.

Според огласот, Брисел планира ќе финансира околу 40 проекти. Половина од вкупната инвестиција ќе треба да си ја обезбеди компанијата, а останатите 50% треба да се обезбедат од  Брисел. Според податоците објавени од страна на Владата на Р. Македонија, во Отчетот за сработеното во периодот од 2011 до 2014 година, наведено е дека до сега се реализирани 10 проекти.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција