ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка на конкретни проекти во земјоделството

Ќе го поддржиме приватниот сектор во реализацијата на конкретни проекти. Средства ќе бидат достапни од програмите за рурален развој и ИПАРД, како и кредити од ЗКДФ. Поддршката ќе се состои во изнаоѓање локации, инфраструктурно уредување на земјиште, кофинансирање, помош при обезбедување на поволни кредити и субвенции за техничка помош за: Изградба на ладилници за дневно и месечно чување на свежо овошје и зеленчук, Изградба на ладилници и опрема за брзо замрзнување на овошје и зеленчук, Изградба на погон за преработка и замрзнување на компир, Изградба на погон за замрзнување на зеленчук, како и разни комбинации на зеленчук, Изградба на сушари за овошје и зеленчук, Изградба на капацитети за преработка на индустриски домати, Изградба на конзервни фабрики, Производство на млечни производи – топени сирења, овошни јогурти, нови видови на сирења, Регионални расадници за раноградинарски култури со цел намалување на производствените трошоци како и потрошувачката на енергија, Изградба на нов тип оранжерии со сопствено производство на енергија, Производство на цвеќе – украсни растенија, Производство на нетрадиционални земјоделски производи: аспарагус, целер, ароматични растенија, цреши, круши и др. производи кои се барани на регионалните и европски пазари, Кофинансирање за набавка на комбајн за кочанскиот регион. [Рок: 2011 – континуирано]

Образложение:

Во изминатиов период преземени се повеќе активности во насока на поддршка на конкретни проекти во земјоделството. Од 2011 година па наваму, објавени се 4 јавни повици за користење на средства од ИПАРД програмата, 6 јавни повици за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, а тука се и средствата од кредитната линија на ЗКДФ. [Ажурирано на: 13.04.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Земјоделство, шумарство и водостопанство “, за проектите за финансиска поддршка на земјоделството е наведено:

Со Програмата за рурален развој нашиот земјоделец имаше можност да ја обнови капка со дури половина од трошоците покриени од страна на државата. За овие четири години: понудена е поддршка за инвестициите по принципот „50-50“, набавени се 1.200 нови трактори, набавени се 5.500 парчиња друга земјоделска механизација, инсталирани се 77 ефикасни системи за наводнување „капка по капка“, преку програмата за рурален развој. Ваквите инвестиции, кои се кофинансираат со 50% од висината на инвестицијата ги искористија 21 земјоделец во висина од 330.000 евра

Преку ИПАРД програмата се финансирани:12 проекти ладилници и опрема за инстантно замрзнување на овошје и зеленчук и погон за замрзнување на зеленчук, како и разни комбинации на зеленчук, конзервни фабрики од околу 2,2 милиони евра поддршка;  9 проекти за чување и преработка на млеко преку воведување на нови производни линии за млечни производи со вкупен износ на поддршка од 390.000 евра и  5 проекти за изградба и модернизација на расадници за раноградинарски култури, како и изградба на нов тип на оранжерии во износ од 54.000 евра. [Ажурирано на: 10.04.2014]

Од 2011 година па наваму, објавени се повеќе  јавни повици за користење на средства од ИПАРД програмата, за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Исто така, овозможено е и користење на  средствата од кредитната линија на ЗКДФ. [Ажурирано на: 10.04.2014]

Може да се каже дека ветувањето: „Поддршка на конкретни проекти во земјоделството“, е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција