ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за македонското иселеништво

Во согласност со македонските уставни одредби, на билатерален и на мултилатерален план ќе се залагаме за почитување на малцинските и на националните права на Македонците што живеат во соседните земји, како и во Европа, САД, Австралија и во Канада. Ќе се засили поддршката за проектите за изучување на македонскиот јазик преку семинари, он-лајн програми и работилници организирани во Македонија или во резидентните земји каде што има македонско иселеништво. Во соработка со другите надлежни институции ќе се дава поддршка и на проекти за отворање на детски установи на македонски јазик во земјите на дијаспората. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го зголеми и вниманието и поддршката во однос на програмата за владини стипендисти за Македонците од соседството, кои студираат на државните универзитети. Ќе продолжат дипломатските активности за потпишување на меѓународни договори за заштита на правата на македонското малцинство и континуирано следење на остварувањето на правата на Македонците во странство.

Образложение:

Преземени се повеќе активности во насока на реализација на овој проект. Според информациите од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, поддржани се голем број на проектни иницијативи на македонските здруженија

и заедници во соседството и дијаспората кои имаат за цел изучување на македонскиот јазик. Во овој период поддржани се вкупно 98 вакви проекти. Во рамките на проектот „Далеку, а блиску“ во 2012 година во Охрид е организиран првиот летен камп за деца од македонско потекло кои што живеат на Балканот, со цел подигнување на познавањето на македонскиот јазик кај овие деца. Ваков камп е одржан и во 2013 година. Исто така, активно се поддржува реализацијата на проектот „Учи македонски онлајн“. Дополнително, доделени се 151 стипендија за Македонци од земјите од Југоисточна Европа за студирање на додипломски студии на државните високообразовни институции во Македонија. Може да се заклучи дека ова ветување е исполнето. [Ажурирано на: 07.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција