ВМРО-ДПМНЕ поддржува влада на „криминогеното раководство“ на СДСМ?!

Фото: ВМРО-ДПМНЕ/веб

 

 

Произлегува дека ВМРО-ДПМНЕ нема проблем доколку подржува влада составена од „криминогено раководство“ и чиј премиер би бил „два пати аболициран криминалец“, „уценет“, само за да се спасела државата и нејзината унитарност од Платформата?!

 

 

Партијата ВМРО-ДПМНЕ издаде соопштение/изјава во кое меѓу другото се наведува и следниов дел што го оценуваме како недоследен:

Стравот на криминогеното раководство на СДСМ дека ќе треба да издржува казна затвор доколку не формира влада, го тера да прифаќа секакви максималистички барања на штета на државата. Затоа Зоран Заев ја прифати платформата од Тирана и презеде обврска да ги реализира на штета на државата.

Затоа Централниот комитет го потврди ставот дека најдобар излез од актуелната криза е да се оди на нови, предвремени избори…Централниот комитет, исто така, констатираше дека помала е штетата доколку на СДСМ му се понуди поддршка за формирање на влада и покрај тоа што ги изгубија изборите. Оваа поддршка би се реализирала само со експлицитно отфрлање на тиранската платформа и нејзините елементи од страна на СДСМ.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ/веб, Датум: 07.03.2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не еднаш во своите соопштенија го нарекувала лидерот на СДСМ Зоран Заев како „криминалец“, па „двојно аболициран криминалец“, а раководството на партијата како „криминогено“. Последниот пример, пред соопштението од 8-ми март, е изјава од 07.03.2017 , само еден ден порано, кога Драган Данев, претставник на ВМРО ДПМНЕ, меѓу другото го рече и следново:

СДСМ е уценета партија. Нејзиното раководство е фатено во криминал до гуша. Знаат дека има докази и за поткупот на аболицираниот Зоран Заев и за изборните измами и нерегуларности на Оливер Спасовски и за кириите на Радмила Шекеринска. Злосторничкото здружение во врвот на СДСМ знае што правело и во случајот „Цареви Кули“ и со „Струмица Гас“ и со стотици тендери во општина Струмица преку кои незаконски се богатело.

Поаѓајќи од вака потврдените ставови на партија многу пати во последниве две години, а особено речиси секојдневно во последните два-три месеци после изборите, сосема зачудува понудата на ВМРО-ДПМНЕ, која вели дека СДСМ и Заев имаат поддршка за формирање на малцинска влада, само доколку се откажат од Платформата на албанските партии.

Произлегува дека ВМРО-ДПМНЕ нема проблем доколку подржува влада составена од, според нив, „криминогено раководство“ и чиј премиер би бил „два пати аболициран криминалец“, од „уценети“, само за да се спасела државата и нејзината унитарност!?

Ваквиот став на ВМРО-ДПМНЕ го оценуваме како чиста недоследност.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Тео Блажевски

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција