ВМРО-ДПМНЕ: Подигање на квалитетот на здравствените услуги

Ќе предвидиме законска обврска за практикување на медицина базирана на докази, а лекарите законски ќе се обврзат да ја применуваат во секојдневната практика. Со медицина базирана на докази, се применуваат нај-добрите светски практики базирани на научни испитувања и методи за поставување на дијагноза и лечење на пациентите. На овој начин поставувањето на дијагнозата на пациентите и нивното лечење ќе биде базирано на најдобрите научни методи, а притоа ќе се обезбеди изедначување на третманот и квалитетот на здравствената заштита во сите здравствени установи за целото население без разлика на местото на живеење на пациентите. Секоја година 0.5% од буџетот на ФЗО ќе се издвојува за финансирање на воведување на нови технологии и методи, воведени според медицина базирана на докази, а врз принципот на анализа на трошоците и ефектив-носта на современиот третман на пациентите. Носител: Министерство за здравство. [Рок: 2013 година]

Образложение:

Во 2010 година се донесени упатствата за практикување на медицина заснована на докази. Во 2012 година Министерот за здравство Тодоров промовираше 230 ажурирани клинички упаства за медицина базирана на докази, кои според него треба да донесат до намалување на медицинските грешки.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција