ВМРО-ДПМНЕ: Подобрување на нивото на образование
Подобрување на нивото на образование со цел најмалку 75% од лицата на возраст од 22 години во Република Македонија да имаат завршено средно образование до 2010 година;
Образложение:
Постои стратегија од 2006 година која го предвидува остварувањето на овој проект во 2010 година.
Направени се измени на Законот за средно образование, со што секое дете на возраст од 15 до 18 години мора да заврши средно образование.
Линкови:
- Влада на РМ (декември 2006). Национална стратегија за вработување-2010. [Пристапено на: 23.05.2011]
- А1 (10.04.2007). Усвоен законот за задолжително средно образование. [Пристапено на: 23.05.2011]
- PRAVO.org.mk. Закон за средното образование. [Пристапено на: 23.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар