ВМРО-ДПМНЕ: Поголеми права на малите акционери
Ќе овозможиме акционерите, кои поединечно или заедно претставуваат најмалку 10% од вкупниот број на акции на друштвото и имаат определени докази (факти) што упатуваат на тоа дека менаџментот на компанијата склучил зделка со заинтересирана страна, а тоа не е одобрено во согласност со закон или склучена е зделка која е на штета на малцинските акционери, да имаат право да побараат од судот во постапка за обезбедување докази да ги обезбеди доказите и фактите што се однесуваат на трансакцијата. Рок: јануари 2009 година.
Образложение:
Во трите промени на Законот за трговски друштва од 2008 до 2011 нема вметнато ваква одредба.
Линкови:
- Pravo.org.mk. Закон за трговски друштва. [Пристапено на 18.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар