ВМРО-ДПМНЕ: Пораст на инвестициите

Очекуваме кумулативниот прилив на странски директни инвестиции во периодот 2011-2015 година да достигне над 2 милијарди евра

Очекуваме кумулативниот прилив на странски директни инвестиции во периодот 2011-2015 година да достигне над 2 милијарди евра:

  • 300 до 350 милиони евра во 2011 година,
  • 350 до 400 милиони евра во 2012 година,
  • 400 до 500 милиони евра во 2013 година,
  • 500 до 550 милиони евра во 2014 година,
  • 550 до 650 милиони евра во 2015 година

Образложение:

Според податоците од EUROSTAT базата на Европската Комисија, странските директни инвестиции за периодот од 2009 до 2011 година изнесуваат:

  • 2009 – 136,91 милиони евра
  • 2010 – 219,94 милиони евра
  • 2011 – 303,5 милиони евра (Извор – НБРМ)

Странските директни инвестиции во 2011 година изнесуваат 303,5 милиони евра -Народната банка на Македонија.

Според овие податоци, ветувањето за 2011 година е исполнето. [Ажурирано на: 03.04.2014]

Во текот на 2012 година странските директни инвестиции во Република Македонија бележат пад и изнесуваат 104,8 милиони евра. Ваквата состојба е поради големиот број на одливи на инвестициите.

Бидејќи сумата од 104,8 милиони евра е значајно пониска од ветената 350-400 милиони евра, за 2012 година ветувањето не е исполнето. [Ажурирано на: 19.04.2013]

Во 2013 година Македонија) се евидентирани 251,5 милиони евра странски инвестиции – Народната банка на Македонија (НБРМ). [Ажурирано на: 03.04.2014]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014 , во делот „Инвестиции“ е наведено:

Странските директни инвестиции во Македонија во периодот 2011-2013 година достигнаа 660 милиони евра

Според тогашните проекциите на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот 2011-2013 во државата требало да има прилив  на директни странски инвестиции од 1,.05 – 1,25 милијарди евра.

Имајќи го предвид сето ова, ветувањето за пораст на страснките инвестиции е неисполнето

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција