ВМРО-ДПМНЕ: Портал за мали јавни набавки

Ќе формираме официјален веб-портал за јавни набавки од мала вредност, со што на едно место транспарентно ќе се објавува планот за мали набавки на јавниот сектор. Со тоа ќе овозможиме: Бесплатна регистрација на претпријатијата во системот и автоматски известувања преку е-пошта за актуелните мали набавки; Ефикасни мали јавни набавки преку воведување систем на аукции; Зголемување на транспарентноста и сузбивање на корупцијата. [Рок: декември 2012 година]

Образложение:

Заклучно со декември 2012 година, како краен рок кој е поставен во ветувањето, креирање на нов портал кој би служел само за објавување на мали јавни набавки нема, односно нивното објавување се поставува на веќе постојниот веб портал, заедно со останатите јавни набавки. Направена е надградба на Електронскиот систем за јавни набавки со што е овозможено објавување на огласи за мали јавни набавки до 5.000 евра.

Од веб-локацијата на Електронскиот систем за јавни набавки:

Почнувајќиод 1 јули 2012 година, согласно Законот за јавни набавки, стапија на сила одредбите кои се однесуваат на објавување на огласите за барање за прибирање на понуди до 5.000 евра, воведувањето на квалификациски системи и технички дијалог, имплементацијата нанегативните референци и објавувањето на огласи за воспоставување јавно приватно партнерство како концесија за јавни работи и јавни услуги. Поради ова Електронскиот систем за јавни набавки е надграден со нови модули и функционалности, со цел имплементација на секоја одгоренаведените новини. Сега договорните органи може објавуваат огласи за барање за прибирање на понуди до 5.000 евра, огласи за квалификациски системи и известувањаза технички дијалог преку ЕСЈН. Исто така, на ЕСЈН се објавуваат и огласите за воспоставување јавно приватно партнерство како концесија за јавни работи и јавни услуги. Имплементиран е и модулот за листа на компании со негативна референца и договорните органи ќе може да го користат во согласностсо одредбите од Законот.

Делот од ветувањето каде што е наведено дека ќе се овозможи бесплатна регистрација на претпријатијата, според тоа што е навено на страната e-nabavki.gov.mk :

Од 03.04.2012 година ќе бидат воведени надоместоци за користење на услугите на ЕСЈН… Со цел продолжување на добивање на услугите од системот на највисоко ниво и подобрување на функционалностите што ги користите на истиот, се воведува годишна претплата за користењето на ЕСЈН. Годишната претплата ќе биде утврдена врз основа на категоријата/големината на економскиот оператор.

Што се однесува на делот од ветувањето поврзан со воведувањето систем на аукции, на  28 ноември 2011 година објавено е  дека од 2012 година ќе биде воведено задолжително користење на електронските аукции. На ова му претходеше законска обврска за објавување на огласи за мали јавни набавки до 5.000 евра, која се донесе со Измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција