ВМРО-ДПМНЕ: Посебни услови за избор на судии

Од 1 јули 2013 година ќе започнат да се применуваат посебните услови за избор на судија, на тој начин што:

1. За унапредување од понизок во повисок суд потребно е во последните две години од страна на Судскиот совет на Република Македонија, кандидатот да биде оценет со највисока позитивна оценка и во однос на другите пријавени лица да има добиено најголем број бодови и доколку има работно искуство:

– Од најмалку 4 години непрекинат судиски стаж како судија во основен суд, доколку аплицира за судија на апелационен суд;

– Од најмалку 6 години непрекинат судиски стаж како судија во апелационен суд, во Управниот суд или Вишиот управен суд, ако аплицира за судија на Врховниот суд на Република Македонија;

– Од најмалку 4 години непрекинат судиски стаж како судија во основен суд ако аплицира за судија на Управниот суд;

– Од најмалку 3 години непрекинат судиски стаж како судија во Управниот суд, доколку аплицира за судија на Вишиот управен суд.

2. За судија на Управниот може да биде избрано и лице кое не е судија но има шест години стаж на управни работи, државен орган и кое во последните две години е оценето со највисока позитивна оценка, согласно со закон.

3. За судија на Вишиот управен суд, може да биде избрано и лице кое не е судија, но има осум години стаж на управни работи во државен орган и кое во последните две години е оценето со највисока позитивна оценка.

[Рок: почеток 1 јули 2013]

Образложение:

Посебните услови за избор на судија беа предвидени со Измената и дополнувањето на Законот за судовите од 2010 година. Примената на овие услови започна како што беше предвидено на 1 јули 2013 година. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 08.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција