ВМРО-ДПМНЕ: Потпишување на Договор за партнерство и соработка со Руската Федерација

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за продлабочување на пријателските односи со Руската Федерација, преку потпишување на Договор за партнерство и соработка. Особен акцент ќе биде ставен на проектите од областа на енергетиката. [Рок: До истекот на мандатот]

Образложение:

Премиерот Никола Груевски во ноември 2012 година информираше дека се работи и на договор за „Јужен  тек“.

На 23ти јули во Москва, Македонија го потпиша договорот со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот „Јужен тек“.

Собранието на Република Македонија на 26.09.2013 го донесе Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка при изградба на гасоводот – кракот за испорака на гас во Република Македонија.

Македонско-рускиот дијалог е континуиран и се одликува со висок степен на разбирање за надворешно-политичките интереси, начините и насоките за нивно остварување. Со заеднички напори на двете земји, во континуитет ги проширивме хоризонтите на соработка. Потпишавме повеќе од 30 договори во сите области. (Обраќање на министерот Никола Попоски по повод одбележувањето на 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација, 27.01.2014)

Република Македонија и Руската Федерација  во перидот 2011-2014 потпишаа поединечни договори за соработка во разни области, на образование, економија и внатрешни работи.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција