ВМРО-ДПМНЕ: Потсетници за плаќање
Развивање на систем за доставување автоматски потсетници за плаќање на даночните обврски од страна на УЈП (преку е-пошта или смс-порака), кој ги информира и ги потсетува фирмите однапред на датумите за плаќање што ќе помогне да се избегнат задоцнети плаќања и казнени постапки. [Рок: март 2012 година]
Образложение:
Од инфо центарот на УЈП, потврдија дека ова ветување не е спроведено во пракса и дека УЈП, не ја нуди оваа можност на информирање преку е-пошта или преку смс- порака, за тоа кога е датумот за плаќање.
Дополнително во отчетот на работење на Владата на РМ за 2011-2012 е наведено дека „се проведуваат активности за реализација на проектот е-Потсетник“. Отчетот ја отсликува работата на Владата до 20.07.2012, што значи после изминатиот рок на ветувањето се уште не е спроведена оваа услуга.
Линкови:
- Влада на РМ (30.07.2012): Отчет на работењето на Владата 2011-2012 [Пристапено на: 07.09.2012]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар