ВМРО-ДПМНЕ: Поттикнување на производство на тутун

Тутун: ВМРО-ДПМНЕ особено го признава значењето на ова производство за животниот стандард на најголемите тутунопроизводителски региони . Овој тип на производство ќе биде поттикнуван од аспект на значењето на тутунот во извозот и развој на сортноста (притоа почитувајќи ги стандардите за употреба на квалитетно семе како и заштита на животна средина – почва и вода) и од аспект на развој на агротуризам, почитувајќи го автентичниот начин на преработка на тутунот како основен белег на голем број македонски села .

Образложение

Ова ветување е остварено поради тоа што производството на  тутунот е субвенционирано, како што беше и ветено во програмата.

http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/221,

http://daily.mk/cluster3/398264db88ba25e7dcff2b2a391fe4da/723106

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција