ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе информации за земјоделските пазари
Ќе воведеме редовно информирање на земјоделците преку МРТВ и Пазарниот информативен систем при Министерството за земјоделство, кој ќе обезбедува неделни, месечни и годишни информации од пазарите на големо со земјоделски производи, сточните пазари и откупно-дистрибутивните центри, особено за тоа какви се цените, каде и колку се бараат одредени производи, како и предвидувања за движењето на пазарот во следните сезони. [Рок: септември 2011 – 2015]
Образложение:
Преку Земјоделскиот пазарен информативен систем (http://www.zpis.gov.mk/?lang=mk), земјоделците можат постојано да се информираат околу пазарите, цените и слични информации поврзани со нивните земјоделски производи.
Може да се каже дека ветувањето: „Повеќе информации за земјоделски пазари“ е исполнето.
Линкови:
- Земјоделски пазарен информативен систем. [Пристапено на: 23.04.2013]
- Земјоделски пазарен информативен систем (09.04.2014): Резултати од откупот на суров тутун од реколтата 2013 година [Пристапено на: 10.04.2014]
- Земјоделски пазарен информативен систем (27.01.2014): Производство, откуп и откупни цени на млеко по години [Пристапено на: 10.04.2014]
- Земјоделски пазарен информативен систем (25.10.2013): Производство и цени на ориз [Пристапено на: 10.04.2014]
- Земјоделски пазарен информативен систем (04.10.2012): Цени на градинарски производи во октомври [Пристапено на: 10.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар