ВМРО-ДПМНЕ: Повеќефункционална патронажна служба
Во рамките на здравствените домови ќе ја унапредиме со опрема и ќе ја доекипираме покливалентната (пофеќефункционална) патронажна служба, а со тоа ќе го подобриме квалитетот на услугите и нивната достапност до целокупното население. Поливалентната патронажна служба е мобилна служба која влегува во домот на семејството да обезбеди превентивна и куративна здравствена заштита за мајката, детето и оста-натите членови на семејството. Со нејзиниот соодветен развој, ревитализирање, опремување и координација со сите лекари и служби во примарното здравство ќе се донесе примарната грижа за целото население во домот на семејството. Затоа ќе обезбедиме задолжителна ефикасна соработка помеѓу избраните лекари во примарното здравство и во превентивните служби. Ќе го зголемиме бројот на високообразовани патронажни сестри, кои ќе имаат стандардизирана опрема за обезбедување на повеќе здравствени услуги за населението и набавка на дополнителен број на возила за обавување на домашни посети во соработка со превентивните служби. Тие ќе бидат продолжена рака на специјалистите по семејна медицина во следењето на здравствената состојба на пациентите, при што ќе бидат клучна алка во здравствениот систем за обезбедување на здравјево секој дом. Овие служби ќе даваат основна медицинска грижа, односно вршење систематски прегледи во пасивни краишта, нега на изнемоштени лица, грижа на социјално загрозени категории и контрола на хронично болни. За болните граѓани, овие служби ќе даваат терапија во вашите домови, како на пример, проверка на рани, ампуларна терапија и грижа за здравјето на пациентите до конечното оздравување. Носител: Министер-ството за здравство. [Рок: Април 2013 година]
Образложение:
Проектот со кој се предвидува доопремување на патронажните служби со цел тие да можат да извршуваат досега не е исполнет. Во отчетот на Владата на Република Македонија 2011-2012 година е напоменато дека остварувањето на овој проект е во тек, но во новиот Отчет за сработеното 2011-2014 година, овој проект воопшто го нема на списокот на Остварени, Неостварени или проекти чија реализација е во тек.
Линкови:
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар