ВМРО-ДПМНЕ: Повисока ефикасност во откривањето на кривичните дела

Преку унапредување на меѓуинституционалната и меѓународнатa соработка ќе постигнеме повисока ефикасност во откривањето на кривичните дела. Заеднички меѓуинституционални тимови ќе постапуваат во истражување на одредени типови на кривични дела. Ќе формираме единици задолжени за криминалистичко разузнавање. Со проектот Национална база за разузнавачки податоци ќе воспоставиме систем за рано предупредување и подобра координација и автоматска размена на податоци во реално време меѓу институциите надлежни за спроведување на законот (МВР, УЈП, Царинска управа, Финансиска полиција, Управа за спречување на перење пари и финансирање тероризам, Јавно обвинителство и други). [Рок: декември 2012]

Образложение:

Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно во надлежната институција, а тоа е Министерството за внатрешни работи. Од таму ни беше одговорено дека на полето на борбата со криминалот, Министерството за внатрешни работи е во постојана соработка со другите надлежни институции, како што се Финансиската полиција, Царинската управа, Јавниот обвинител, Управата за финансиско разузнавање и Управата за јавни приходи. Оваа соработка се остварува преку континуирана размена на податоци и оперативни сознанија и формирање на заеднички тимови за водење на интегрирани истраги. Во врска со проектот Национална база за разузнавачки податоци, ни беше укажано дека активностите се се уште во тек и не се завршени. Со оглед на тоа дека се исполнети само дел од активностите предвидени со ова ветување, предизборното ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 26.04.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција