ВМРО-ДПМНЕ: Поволно кредитирање на земјоделството преку Македонска банка за поддршка на развојот

Ќе овозможиме директно кредитирање на земјоделството со поволни услови преку Македонската банка за поддршка на развојот. На овој начин ќе се влијае на олеснување на пристапот до финансиски средства со пониска камата. [Рок: ноември 2012]

Образложение:

Преку Македонската банка за поддршка на развојот обезбедени се 11 милиони евра за поволно кредитирање на земјоделството. Овие кредити се со каматна стапка од 3 проценти, рок на исплата 5 години и грејс-период од една година. Според информациите, досега се искористени 2,8 милиони евра од овие средства. [Ажурирано на: 30.11.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција