ВМРО-ДПМНЕ: Практична работа за учениците и студентите по туризам

Ќе воведеме задолжителна практична работа за учениците од средните училишта од областа на туризмот, како и за студентите од факултетите за туризам, во тек на нивното образование, со цел тие да станат стручни во своето идно професионално ангажирање. Секој ученик ќе има задолжителна практика во траење од еден семестар во објект од областа на туризмот. Носител: Македонска национална туристичка организација во соработка со Министерството за образование. [Рок: 2012-2013]

Образложение:

Според информациите од Министерството за образование и наука, стипендирањето на ученици од угостителско-туристичката струка беше воведено за првпат во 2013 година со објавување на конкурс за доделување на 15 стипендии во оваа струка. Сепак, со оглед на тоа дека, според ветувањето овој проект требаше да започне во 2012 година, а не во 2013, и требаше да бидат доделени 30 стипендии, а не 15, може да се заклучи дека ова ветување е само делумно исполнето. Ветувањето се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 15.04.2014]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција