ВМРО-ДПМНЕ: Право на породилно отсуство за таткото

Утврдување на право на породилно отсуство за таткото или за посвоителот на детето од 1 месец веднаш по раѓањето на детето, со цел да ѝ помогне на мајката во периодот непосредно по раѓањето на детето и да се поттикне еднакво користење на отсуството од двата родитела. [Рок: 1 јануари 2014]

Образложение:

Ова право сеуште не е воведено, односно таткото или посвоителот на детето нема право на породилно отсуство од 1 месец веднаш по раѓањето на детето. Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е истечен, ветувањето се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 06.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција