ВМРО-ДПМНЕ: Пречистителни станици на Охридското крајбрежје

Ќе обезбедиме средства за изградба на соодветни пречистителни станици кои ќе го овозможат развојот на Охридското крајбрежје без да влијаат на квалитетот на водата на езерото. Носител: Министерство за животна средина и просторно планирање во соработка со локалната самоуправа. [Рок: 2014]

Образложение:

Заклучно со март 2014 година, досега е изработена Студија за одведување отпадни води од Градиште до Свети Наум. Според проценките, изградбата на целиот колекторски систем би требало да трае 2 години. Со оглед на тоа дека сеуште не е завршен овој проект, ветувањето се оценува како неисполнето.  [Ажурирано на: 06.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција