ВМРО-ДПМНЕ: Продолжување на проектот ин витро на товар на ФЗОМ
Ќе продолжиме со финансирање на ин витро и ќе го зголемиме опфатот и на осигуреници кои веќе имаат пород од претходни заедници да можат да остварат право на бесплатно ин витро оплодување или вонтелесно оплодување на товар на ФЗОМ до три обиди, како и воведување на ин витро постапката како можност за добивање здрав пород за парови кои се носители на генетски заболувања. Носител: ФЗОМ. [Рок: Континуирано до крајот на мандатот]
Образложение:
На петти јануари 2014 година премиерот Никола Груевски изјави: „Овој месец стапува во сила бесплатно ин витро за второ дете, кое финански ќе го покрива државата.“
Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Здравство и здрава нација“, за продолжување на проектот ин витро на товар на ФЗОМ, е наведено:
Проектот се реализира од 1 септември 2011 година. Како продолжение на успешниот проект за обезбедување на ин витро за прво дете, од 1 јануари 2014 година започнавме со обезбедување на биомедицински потпомогнато оплодување (ин витро) и за второ дете на товар на Фондот.
Со оглед на тоа што со проектот ин витро на товар на ФЗОМ, сè уште не се опфатени сите категории дадени во ветувањето, тоа е делумно исполнето.
Линкови:
- А1 ОН (05.01.2014): Груевски: Бесплатно ин витро и за второ дете [Пристапено на: 10.04.2014]
- Отчет 2011-2014: Здравство и здрава нација [Пристапено на: 10.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар