ВМРО-ДПМНЕ: 35 спортски сали
Со изградбата на спортските терени низ целата територија на Република Македонија ќе им овозможиме на сите оние што сакаат да се занимаваат со спорт и спортски активности, а досега немале соодветни услови за тоа, да можат да спортуваат. Ова е најдбар начин младите да ги оттргнеме од пороците на современото живеење, и да ги насочиме кон реализација на нивниот спортски дух и соодветно изградување на своите спортски таленти.Од проектот „35 спортски сали“ досега се изградени и пуштени се во употреба спортски сали во: Валандово,Чешиново-Облешево, Пехчево, Македонски Брод, Илинден, Брвеница, Свети Николе, Ѓорче Петров 1, Ѓорче Петров 2,Гази Баба, Бутел 1, Бутел 2, Берово, Ново Село, Боговиње-жеровјане,Штип, Куманово, Кисела Вода 1, Кисела Вода2, Липково-Слупчане, Пробиштип-Злетово,Центар, Битола, Сарај, Кичево, Демир Хисар, Тетово-Порој, а започнав-ме со изградба на спортската сала воÈцентар – ОуÈ„11 Октомври“.Во текот на 2011 година ќе продолжиме со изградба на останатите 7 спортски сали и тоа: Маврово-Ростуше, Струмица, Крива Паланка,Чаир,Центар -УКИМ, Гази Баба 2, Центар – Дом за деца „11 Октомври“. Дополнително ќе инвестираме и во изградба на 2 нови спортски сали на локации на Водно и во Тетово (Државен универзитет Тетово- ДуТ).Во рамките на овој проект, планираме да ги санираме и да ги ставиме во функција постојните спортски сали, при што во 2011, ова ќе го започнеме преку реконструкција на спортските сали во Охрид – Велгошти и Смилево. [Рок: 2013 година]
Образложение:
Проектот за изградба на 35 Спортски сали во повеќе општини во Република Македонија требаше целосно да биде реализиран до крајот на 2013 година. Според последните информации достапни до јавноста, како и од информациите од Отчетот на Владата за саработеното 2011-2014 година, досега се изградени 32 спортски сали, и се очекува до крајот на 2015 година да бидат пуштени во употреба и последните 4 сали од проектот. Спортски сали се отворени во општините: Македонски брод, Пехчево, Демир Хисар, Маврово-Ростуше, Крива Паланка, Струмица, Свети Николе, Чешиново Облешево, Гази Баба, КУманово, Кисела Вода, Валандово, Ѓорче Петров 1 и 2, Бутел 1 и 2, Штип, Брвеница, Тетово, Илинден, Берово,Боговиње,Кисела вода 1 и 2, Пробиштип, Кичево, Липково Центар-ФФК, Сарај, Битола, Чаир, ОУ 11 Октомври.
Линкови:
- Нова сала во Ѓорче Петров
- Отворена спортската сала “Јордан Мијалков“ во Штип
- Отворена спортска сала во Свети Николе
- Нова спортска сала во ОУ “Свети Климент Охридски“ во Македоснки Брод
- Премиерот Груевски во Пехчево ја предаде во употреба втората спортска сала од проектор “35 Спортски сали“
- Нова спортска сала-Валандово
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
,,Со изградбата на спортските терени низ целата територија на Република Македонија ќе им овозможиме на сите оние што сакаат да се занимаваат со спорт и спортски активности, а досега немале соодветни услови за тоа, да можат да спортуваат,, Добра е идејата на владата само што има спортска сала во која не може да се игра фудбал ,забрането е да се игра фудбал во салата М.А.Ченто во Маџари(со одлука ) и цената за еден термин од 60 мин.е 1000 денари за сите други спортови .Владата само ги фали салите а во нив ние младите не можеме ни да придеме тоа е само реклама.