ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Ало ЕУ“

Проектот предвидува креирање на бесплатна телефонска служба која ќе им биде достапна на граѓаните за сите основни информации во врска со Европската унија и процесот на евроинтеграции на Република Македонија. Преку воспоставување на една ваква инфо-линија секој што е заинтересиран за начинот на функционирање на Европската унија, како и промените што ќе дојдат со зачленувањето во ЕУ, а се однесуваат на секојдневниот живот, но и на водењето на бизнис во државата, ќе имаат сервис преку кој ќе можат да ги добијат сите позначајни информации. [Рок: 2012]

Образложение:

Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно во надлежната институција, а тоа е Секретаријатот за европски прашања на Република Македонија. Од таму ни беше одговорено дека Секретаријатот не располага со бараната информација, односно дека бараме информација која не постои. Со оглед на тоа дека надлежната институција нема информации во врска со ова ветување, а и по истражувањето на интернет не е најдена никаква информација во врска со него, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 11.02.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција