ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Центри за обука“

Имајќи предвид дека континуираната обука на наставници е еден од основните услови за подигање на квалитетот на воспитно образовниот процес ќе обезбедиме поголема достапност на стручни лица до наставниците, учениците и до родителите, со овозможување стручни услуги во рамките на центрите за обука. Ќе формираме центри за обука со состав на Бирото за развој на образованието и тоа во Скопје, Битола, Штип, Тетово и во Струмица. На тој начин наставниците и родителите од сите региони ќе имаат можност за подеднаков пристап до советодавно стручна поддршка и помош. Носител: Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование. Буџет: 3 милиони денари годишно [Рок: 2014 година]

Образложение:

По пребарување на темата на ветувањето, не се најдени никакви информации. Ова ветување не е спомнато ни во Отчетот и поради тоа се оценува како неисполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Оценето од: Марија Теговска


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција