ВМРО-ДПМНЕ: Чистење на дивите депонии

Ќе спроведеме посебна програма за расчистување и дислокација на дивите депонии и депониите на цврст отпад кои се наоѓаат во близина на автопатиштата и на главните регионални и магистрални патишта. Со тоа ќе ја елиминираме неубавата глетка која на некои места е присутна во близина на патиштата. Така ќе ја разубавиме земјата и ќе го зголемиме позитивниот впечаток и кај домашните и кај странските туристи. Надлежна институција: Министерството за животна средина. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Во изминатиот период беа спроведени неколку акции за чистење на дивите депонии, како што е акцијата во Кисела Вода и во Карпош. Но се уште постојат многу депонии низ Македонија кои се уште не се санирани.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција