ВМРО-ДПМНЕ: Дипломатска академија

Целта на овој проект е преку креирање на неколку видови обуки, форуми и дипломатски тренинг за државната администрација, како и заеднички регионални активности за развој на човечките потенцијали да се придонесе за континуирано зголемување и подобрување на дипломатските капацитети со кои располага нашата држава. Преку навремено екипирање, професионално надградување на вработените, ќе се зголеми подготвеноста за соочување со предизвиците во идните години, во однос на решавање на билатералните прашања и доближување на државата до Европската унија. [Рок: 2014 година]

Образложение:

Во склоп на организационата структура на Министерството за надворешни работи на Република Македонија функционира Директорат за дипломатска академија. Во рамките на функционирањето на дипломатската академија беше потпишан Меморандум за соработка со Министерството за надворешни работи на Велика Британија и Северна Ирска за поддршка на Министерството за надворешни работи во реализацијата на проектот „Градење на капацитетите на кадарот на МНР на Република Македонија“, како и Договор за соработка со Амбасадата на Француската Република во Република Македонија, со кој се предвидува одржување на специјализирани обуки за вработените во Министерството за надворешни работи од страна на француското Министерство за надворешни работи и француската Национална школа за администрација (ENA). Досега со овие обуки беа опфатени 54 дипломати од сите директорати во Министерството за надворешни работи. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 02.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција