ВМРО-ДПМНЕ: Државната мрежа за мониторинг на воздухот
Ќе ја подобриме и редовно ќе ја одржуваме Државната мрежа за мониторинг на воздухот со 4 мониторингстаници. [Рок: 2014 година]
Образложение:
Кон крајот на 2011 година беа поставени 2 нови мониторинг станици во Скопје, и со тоа вкупната мрежа за мониторинг на воздухот содржи 17 станици низ цела Македонија.
За поставување на останатите 2 мониторинг станици кои беа предвидени со ветувањето нема достапни информации дека истите биле поставени.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Мониторинг-станица за квалитетот на воздухот во Центар [Пристапено на: 13.04.2014]
- Воздухот е загаден, ама дозволено?! [Пристапено на: 13.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар