ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Е-Матура“
Заради унапредување на процесот на реализација на државната матура, ќе обезбедиме нејзино спроведување по електронски пат (е – матура). Учениците ќе можат дел од матурата да ja полагаат електронски и резултатите од полагањето да ги дознаат веднаш. На овој начин ќе ја олесниме реализацијата на матурата и ќе го намалиме временскиот период во кој учениците очекуваат резултати од полагањата. Носител: Министерството за образование и наука, Државниот испитен центар. Буџет: 20 милиони денари. [Рок: 2013 година]
Образложение:
Во ноември 2013 година, Минстерот за образование и наука, Спиро Ристовски на јавноста и ги претстави измените на моделот на полагање државна матура. Од учебната 2014-2015 година Математика ќе стане трет задолжителен екстерен предмет за гимназијалците, а од учебната 2015-2016 год и за матурантите во средното стручно образование.
Втората поголема измена се однесува на начинот на полагање на државната матура. Со исклучок на есеите и текстуалните задачи, останатите предмети ќе се полагаат по електронски пат.
Линкови:
- Ќе се менува моделот на полагање државна матура- Математиката ќе стане задолжителен екстерен предмет
- МОН сака да спроведе полагање матура по електронски пат
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар