ВМРО-ДПМНЕ: Електронска лична карта

Согласно со европските практики, ќе воведеме електронски лични карти. Покрај за докажување на идентитетот, државјанството и живеалиштето, тие ќе се користат и за потврдување дека е идентитетот автентичен и реален. Со оваа лична карта на граѓанинот му се дава можност да се пријави на порталот на МВР и да бара испорака по брза пошта на Уверение за државјанство, да потпишува и да криптира документ кој го препраќа до друг граѓанин или до МВР, да се пријави на порталот на УЈП и да пополнува и да испраќа годишна даночна пријава итн. Со електронската лична карта сите услуги што ги нудат Агенцијата за катастар, Централниот регистар, Управата за јавни приходи, Царинската управа, ФЗОМ, ФПИОМ ќе можат да се добијат по електронски пат. Носители: МИОА и МВР [Рок: декември 2013]

Образложение:

И покрај тоа што рокот за исполнување на ова ветување е декември 2013 година, се уште не е започната реализацијата на истиот. Потврда за ова има и во Отчетот на Владата на Р. Македонија, каде што овој проект е сместен во делот на нереализирани проекти.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција