ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Европа Ре – осигурување од природни непогоди и катастрофи“

Во насока на заштита на македонското стопанство, земјоделците и на домаќинствата од ненадејни природни непогоди и катастрофи, од 2012 година ќе започне реализација на Проектот за осигурување од ризик од катастрофи,за којшто добивме поддршка од Светската банка во износ од 5 милиони долари. Република Македонија е подложна на природни катастрофи од типот на поплави и суши кои предизвикуваат значителни материјални штети како за населението така и за стопанството во целина, а осигурувањето од ризици од природни катастрофи во нашата земја досега воопшто не беше развиено. Со овој проект, ќе се надмине овој долгогодишен проблем и ќе се овозможи стопанството, земјоделците и домаќинствата да се осигурат под прифатлив услови од природни непогоди и катастрофи, вклучително поплави, суши итн. Проектот е регионален и вклучува неколку други земји од Југоисточна Европа. Република Македонија ќе ги вложи добиените средства од Светска банка во регионална компанија ЕВРОПА РЕ – специјализирана за реосигурување на ризиците од природни непогоди и катастрофи. Со поддршка на ЕВРОПА РЕ, домашните осигурителни компании ќе имаат можност да развијат комплетно нов инструмент кој ќе биде реосигуран кај оваа компанија. Проектот ќе биде од особено значење за фирмите и за земјоделците, при што ќе им овозможи заштита од штетите предизвикани од овие катастрофи и користење на нивните ресурси во продуктивни програми кои носат побрз економски раст и развој. Надлежна институција: Министерство за финансии. Буџет: 5 милиони евра, обезбедени од Светска банка. [Рок: јуни 2012 година]

Образложение:

Од 23 март 2012 година, со потпишувањето на договорот и официјално се вклучи во регионалниот проект на Светска банка  за формирање специјализирана компанија за реосигурување на ризици од катастрофи „Европа Ре“. Македонија ќе добие пет милиони американски долари обезбедени преку Светска банка со заем со рок на отплата од 22 години, грејс период од шест години и камата од 1,1%.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција