ВМРО-ДПМНЕ: Физибилити студии и главни проекти за неколку агломерации во РМ

Ќе подготвиме техничка документација на ниво на физибилити-студии и главни проекти за неколку агломерации во Република Македонија со повеќе од 10 000 еквивалент жители и тоа во: Битола, Тетово, Гостивар, Дебар, Кавадарци и Теарце. Вредност – 8 мил.евра (преку ИПА финансирање – 85% ИПА-средства и 15 % домашно учество); [Рок: 2014 година]

Образложение:

Информации за реализација на ова ветување се шуте нема. Тоа што може да се заклучи од достапните информации во Отчетот за работеното на Владата на Р. Македонија, е дека преку ЕУ ИПА проект во тендерска фаза е избор на најдобар понудувач за изработка на техника документација (физибилити-студии и 254главни проекти) за пречистителни станици за отпадни води за неколку агломерации во Република Македонија кои опфаќаат повеќе од 10.000 жители и тоа во: Битола, Тетово, Гостивар, Дебар и Кавадарци.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата

Линкови:

Отчет на Влада на РМ предводена од ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери [Пристапено на: 13.04.2014]

Оценето од: Марија Теговска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција