ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Информиран родител (Е-дневник)“
Информиран родител (е-Дневник) е проект којшто има за цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на родителите и наставниците во училиштето. Родителите ќе можат да го следат образованието на своите деца на Интернет. Ним ќе им бидат достапни оценките, поведението и отсуствата на децата, наставните содржини кои се обработени на часовите и други информации за нивното секојдневие во училиштата. Проектот „Информиран родител“ е задолжителен за сите основни и средни училишта во Македонија. Електронскиот дневник (е-дневник) е веб-апликација, која овозможува тековен запис на наставниот план и програма, внесување на оцени и отсуства од страна на наставникот, проследени со можна забелешка или негово објаснување за нив. Со помош на оваа веб-апликација, преку лозинката која ја добива на својата електронска пошта, на секој родител му е овозможен пристап само до податоците на своето дете. Родителите во определен временски интервал ќе добиваат порака на својот мобилен телефон за тековните промени во е-Дневникот, така што континуирано ќе можат да ја следат секоја промена поврзана со образованието на нивното дете. Преку е-дневникот ќе се воспостави интеракција меѓу родителите и училиштата и ќе се овозможи поголемо ниво на сознанија за она што се случува во училиштето. Овој начин на контрола ќе доведе до повисок квалитет во образованието и до поголема заинтересираност од страна на родителите. Носител: Министерството за образование и наука. Буџет: 2 милиони денари. [Рок: септември 2011 година]
Образложение:
На 10 февруари 2011 годинаа претставен е проектот Електронски дневник. Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции. Електронскиот дневник е бесплатен сервис, проект кој освен што ќе ја подобри комуникацијата меѓу наставниците и родители, истиот треба да овозможи едноставен увид на родителите во училишните дневници и оценките на нивните деца.
Линкови:
- Веб страна на Електронскиот дневник
- Претставен е е-дневникот, алатка за родителите да ги следат оцените на децата
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар