ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на нови базени

Во наредниот период, Агенцијата за млади и спорт ќе инвестира во изградба на нови затворени базени. Во Охрид ќе изградиме базен за пливање и ватерполо, доколку се добие согласност од локалната власт. Базенот ќе биде со стандардни димензии од 25 метри ширина на 33 метри должина. Доколку дозволат финансиските услови, ќе изградиме базени и во Штип и во Крушево. Базенот во Штип ќе биде со исти димензии како базенот во Охрид, додека во Крушево би се изградил базен за подготовки, со димензии 12 метри ширина на 25 метри должина. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Изградбата на првите 2 од деветте предвидени пливачки базени, во Охрид и Крушево, требаше да започне кон средината на 2012 година. Меѓутоа изградбата на истите не е започната до денес. ПОкрај овие два базени, со проектот требаше да бидат изградени и базени во Скопје, Гостивар, Тетово, Битола, Прилеп, Штип и Струмица.

Крајниот рок на овој проект е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 Април 2014 година.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција